Оваа тиктокерка нарачала облека од интернет страница, но се шокирала кога во пакетот пронашла нешто повеќе од тоа што го нарачала.
Во видеото кое го сподели на ТикТок таа покажа како во вреќичката со нејзината нарачка се наоѓа и преголем пајак кој буквално шетал по облеката.
@franksharp93PART 2 @boohoo COME AND GET YOUR UNWANTED EMPLOYEE!! ##spider ##freebie ##fyp ##run ##scared ##fypシ ##boohoo ##helpp ##employee♬ Good Times (Made Famous by Roll Deep) – World Cup All-Stars
Иако не и било сеедно, таа за британскиот „The Sun“ откри дека пајакот, кој во меѓувреме го нарекла Барт, го однела во продавница за домашни миленици.
„Пајакот Барт има нов дом. Жив е и здрав“, ги извести таа фановите.
@franksharp93Bart the spider has a new home! Safe and sound! ##Part3 ##spider ##freebie ##fyp ##run ##scared ##goodbye ##boohooofficial ##helpp ##foryoupage ##fypシ ##newhome♬ Everybody’s Free (To Feel Good) – Rozalla
Многумина само од погледот кон нејзината пратка и пишале да не ја отвара и веднаш да ја врати или едноставно да го убие пајакот.
Но, таа решила да го поштеди и да му даде втора шанса за живот, предупредувајќи ги другите да внимаваат кога ги отвараат производите од интернет, шегувајќи се дека можеби со некоја пратка ќе пристигне и змија.