Ураганот Милтон во средата навечер навлезе во Флорида како бура од трета категорија, според Националниот центар за урагани на САД, и ќе продолжи да предизвикува поројни поплави и бранови опасни по живот, оставајќи повеќе од еден милион луѓе без струја и многу мртви.
Ураганот Милтон стигна до Флорида во средата околу 20:30 часот по локално време, во близина на Сиеста Ки, јужно од Тампа, со максимална брзина на ветерот од околу 200 километри на час, објави Си-Ен-Ен.
Hurricane Milton makes landfall near Siesta Key, Florida as a Category 3 storm. pic.twitter.com/gXIRkCy6st
— CIRA (@CIRA_CSU) October 10, 2024
Моментот кога ураганот Милтон падна на копно беше фатен од Кооперативниот институт за атмосферски истражувања.
Истражувачката организација објави сателитско видео од моќната бура додека се движеше низ државата, вклучувајќи го и моментот кога падна на копно во близина на Сиеста Ки – помалку од осум километри јужно од градот Сарасота.
Текстот (Видео) Сателитот го сними моментот кога ураганот го погоди брегот на Флорида е превземен од МАКФАКС.