Водителката која во живо од Москва ја презентираше прогнозата за времето во Русија, стана вирален хит откако едно куче влета во кадар и ѝ го украде микрофонот, пренесуват руските медиуми.

Преносот во живо на руската новинарка од телевизијата „Мир“, Надежда Серјожкина, беше прекинат од еден златен ретривер кој неочекувано скокна врз неа, го грабна микрофонот од нејзината рака и побегна.

Серјожкина почна да вика кон кучето да „застане“ додека неуспешно се обидуваше да го фати на мостот од кој известуваше.

Видеото кое на социјалната мрежа „Твитер“ го објави токму снимателот Димитри Лотовски стана вирален хит низ целиот свет за многу кратко време.

И додека Лотовски снимаше како водителката го брка кучето, на следниот кадар се гледа
шокираната водителка во студиото.

youtube
Принтскрин / Youtube

Изгледа дека изгубивме контакт со нашата новинарка. Ќе се обидеме повторно
да стапиме во контакт со неа“, рече водителката.