Јувентус одигра само 1:1 на гостувањето кај Верона во рамки на 24. коло во Серија А. Кристијано Роналдо погоди за 0-1 на стартот на второто полувреме, по одличната акција на Арон Ремзи и Федерико Киеза. За Португалецот тоа беше 19-ти сезонски погодок, но „Старата дама“ не дојде до трите бода, бидејќи Антонин Барак со глава реализираше за 1-1 во 77-та минута.

Бзрак беше стрелец на израмнувачкиот погодок за Верона, а домаќините имаа одлична шанса и за целосен пресврт, но Шчешни со крајни напори ја исфрли топката во корнер.

Јувентус е на третото место на табелата и во следното коло ќе биде домаќин на Специја. Верона, пак, е на средината на калчото.