При отчетот за сработеното во изминатиот период, во кој најави дека повторно ќе се кандидидира за претседател на Бугарија, Румен Радев упати критики до Владата на Бојко Борисов дека не направила доволно да ја претстави позицијата на Бугарија за Македонија на западните партнери.

-Изминатата година беше година на бурни и драматични настани, што го забрзаа текот на општествено-политичките промени кај нас. Во таа турбулентна година институцијата претседател продолжи да ги брани интересите на Бугарите. Да биде коректив и последна бариера против незаконието и лобирањето. Да става на дневен ред на важни теми, да обединува околу значајни каузи, рече Радев.

-Можете да видите дека граѓаните со бугарски пасош во РС Македонија не се чувствуваат како граѓани со самодоверба. Бугарската Влада не успеаја да и ја претстави на ЕУ позицијата на Бугарија за РС Македонија, изјави Радев.

Според него, реалноста налага да има институции со јасни приоритети и предвидливост во своето работење.