Љубовта се изразува на различни начини, вклучително и некои навидум обични дела што мажите ги прават за своите жени. Актерката Блејк Лајвли откри дека нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс одлично се снаоѓа во бизнис каде повеќето сопрузи не се вешти. Блејк објави видео на својот инстаграм – профил во кое Рајан и ја бои косата.

Со оглед на строгите епидемиолошки мерки кои сè уште се во сила низ САД, многу познати личности станаа вешти и во боењето на косата во домашни услови, вклучувајќи ја и актерката Блејк Лајвли. И не само таа, туку и нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс доби „нова улога“, како фризер, но во приватниот живот.

Видеото кое Блејк го сподели на својот инстаграм – профил е направено во домашен амбиент додека Рајан и помагаше на својата сакана да ја обои косата. Заедно тие успеаја да завршат добра работа, како што се гледа на фотографијата од свежо обоената коса на актерката што Блејк ја објави заедно со видеото. Вештините за боење на косата на Рајан ги воодушевија бројните фанови кои коментираа:

„Тоа е љубов“, „Човек со скриени таленти“, „Што не може да стори овој човек?!“, беа дел од бројните коментари на фановите на актерскиот пар.

Отсекогаш сме биле малку љубоморни на Блејк Лајвли на нејзиниот брак со еден од најсексапилните актери во Холивуд, но сега сме уште повеќе љубоморни.