Рускиот претседател Владимир Путин присуствува на божиќната литургија во древниот манастир Свети Никола кој се наоѓа на островот Липно на езерото Илмењ недалеку од Новгород.

Минатата година, потсетува Спутник Путин го дочека Божиќ во црквата Преображение во Санкт Петергург.

Во истиот храм беше и година дена претходно како и во 2012 како премиер на Русија.

Путин минатата година им рече на новинарите дека тој е крстен токму во овој храм во Санкт Петербург.

Инаку, црквата на островот Липно Путин ја посети во септември 2012 година заедно со Дмитриј Медведев. Црквата Свети Никола е изградена во 13. век.