Американскиот претседател Џозеф Бајден смета дека палестинската држава треба да се постигне со преговори, а не со еднострано признавање, соопшти денеска Белата куќа.

Соопштението беше објавено откако Ирска, Шпанија и Норвешка соопштија дека ќе ја признаат државата Палестина на 28 мај.

-Претседателот е силен поддржувач на решението за две држави и го поддржуваше во текот на неговата кариера. Тој верува дека палестинската држава треба да се постигне преку директни преговори меѓу страните, а не преку еднострано признавање“, рече портпаролот на Белата куќа.