Славниот актер Ентони Хопкинс ја прими првата вакцина против Ковид-19, а тоа го документираше со видео кое го објави на својот Инстаграм профил.

Актерот се пофали дека се поминало во најдобар ред, и дека одлично се чувствува. Исто така ја искористи приликата да му се заблагодари на медицинскиот персонал кој бил исклучително љубезен и професионален.

Ентони инаку максимално водеше сметка за своето здравје и буквално една година не излезе од својот дом.

Со оглед на тоа дека тој наполни 83 години, тој спаѓа во ризичната група, па токму затоа тој реши да остане затворен дома во целосен карантин.

Но тој сепак беше активен на социјалните мрежи, забавувајќи не со своите слики, видеа, изјави и прослави преку социјалните мрежи.

Ентони Хопкинс 170 денови во строг карантин: Вели дека не полудел, но фотографијата покажува нешто друго…

Ентони Хопкинс танцува на хитови на Тик-ток: Годините се само бројка! (ВИДЕО)

Со уметност против корона: Ентони Хопкинс компонираше валцер, а сега покажа и како слика (ФОТО+ВИДЕО)