Францускиот парламент денеска и’ изгласа недоверба на владата предводена од премиерот Мишел Барние.

За недоверба на владата гласаа 331 пратеник, значително повеќе од потребното мнозинство од 288.

Малцинската центристичка влада предводена од беше на немилост на левичарскиот сојуз на Новиот народен фронт (НФП) и екстремно десничарскиот Национален собир (РН) предводен од Марин Ле Пен, кои заедно имаа доволно претставници за да ја соборат од власта.

Францускиот претседател Емануел Макрон има намера брзо да постави нов премиер откако парламентот и изгласа недоверба, јавува „Ројтерс“.

Еден од изворите за „Ројтерс“ рече дека Макрон се надева дека ќе има некого веќе во сабота, кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе пристигне во посета по повод отворањето на црквата Нотр Дам.

Макрон сè уште не одлучил, но луѓето на неговата листа се левичарот Бернар Казнев, поранешниот министер Ксавиер Бертранд и министерот за вооружени сили Себастиен Лекорну.

Останува да се види дали екстремно десничарската партија Национален собир на Марин Ле Пен ќе биде подготвена да го поддржи предложеното име на Макрон или ќе се обиде да го собори кандидатот со итно гласање недоверба, најверојатно во договор со левицата.