Гигантскиот товарен брод „Евер Гивен“, кој од вторникот минатата недела го блокираше Суецкиот канал, конечно е ослободен.
„Бродот е успешно вратен на својата соодветна позиција утрово во 4:30 часот“, соопшти компанијата на својот профил на Твитер.
– Advertisement –
Според Блумберг, иако спасувачите успеале да го стартуваат бродот, сè уште не е познато кога Суецкиот канал ќе биде отворен за сообраќај.
Бродот што плови под знамето на Панама заглави дијагонално преку јужниот дел на Суецкиот канал, запирајќи го сообраќајот на еден од најфреквентните водни патишта во светот.
Големиот товарен брод долг 400 и широк 59 метри, по ненадеен налет на силен ветерм, се насука во каналот, на место помало од 300 метри.
#BREAKING: watch video of the Ever Given, which was previously clogging the Suez Canal and has now been refloated. Good news in #Egypt.
pic.twitter.com/6HbkeBpA40— Steve Hanke (@steve_hanke) March 29, 2021