Хашмин Мусах, дефанзивецот на Интер Алис, призна дека намерно постигнал два автогола.

Тој беше свесен за можноста неговиот тим да го намести натпреварот на саботниот дуел против Ашанти Голд во рамките на 34. коло на шампионатот во Гана, па тоа го спречи постигнувајќи два автогола во последните 12 минути!

Имено, неговиот тим губеше со резултат 5:0, а тој при влегувањето постигна два автогола, само за да спречи „претходно договорен резултат поради обложувалниците, што бил 5:1“.

„Му ветив на тренерот дека ќе го расипам планот за обложување ако тој ме пушти да влезам од клупата. По натпреварот, тимот ми честиташе за тоа“, рече Мусах.

„Слушнав во нашиот хотел дека е направен облог за точен резултат од 5:1 против мојот клуб. Одлучив да ги замрсам нивните сметки затоа што не одобрувам обложувалници”.

Мусах влезе во игра на полувреме, постигнувајќи автоголови во 78. и 82. минута, а беше изнесен од игра во 83. минута, откако очигледно ја испрати топката во својот гол по втор пат.

Фудбалскиот сојуз на Гана го истражува целиот случај, а Мусах стана херој на нацијата, иако очигледно има луѓе кои го проколнуваат за она што го стори.