На трката во Австралија од Мото 2 серијата видовме еден страшен инцидент кој за среќа помина „само“ со потешка скршеница.
Шпанскиот мотоциклист Хорхе Наваро изгуби контрола над својот мотоцикл во петтиот свиок од патеката и падна од него. Во тој момент зад него беше Италијанецот Симоне Корси кој немаше можност да го избегне и го прегази.
El golpe que se ha llevado Jorge Navarro es impresionante. Estaba al lado de la pista, no se podía mover y dirrección de carrera ni una bandera amarilla. Increíble. pic.twitter.com/IUApNdLill
— Soyjota (@JohnMarinn) October 16, 2022
За среќа Наваро не се здоби со витални повреди. Шпанецот поминал со скршеница на бутната коска, повреда поради која ќе мора да се оперира и ќе следи долга рехабилитација.