Додека на тлото на Европа се играат пријателски средби како подготовка за ЕП, во Јужна Америка, на програмата се квалификациите за СП. Доцна ноќва се сретнаа Аргентина и Чиле. Аргентина одигра добар меч, но сепак не успеаја да дојдат до победа против секогаш незгодниот Чиле, бидејќи мечот заврши 1:1.

Единствениот гол за Аргентина беше дело на Меси од пенал во 23-та минута, а десетина минути подоцна израмни Алексис Санчез.
Токму овие двајца имаа еден дуел на средината на теренот. Меси беше со топката, Санчез се обиде да му ја земе, но со финта, Аргентинецот го „легна“ напаѓачот на Интер на теренот.