Иако беше извлечено од урнатините предизвикани од земјотресот пред три дена, куче во Турција не сака да се помести додека спасувачите трагаат по неговиот сопственик.

Емотивната сцена е снимена во турскиот град Хатај. Црното верно куче неуморно чека да го види лицето на својот сопственик кој се уште е заробен под урнатините и не се оддалечува од спасувачот.

„Познавам жена под урнатините“, изјави еден случаен минувач за Еуроњуз, објаснувајќи дека нејзиното куче излегло пред три дена, но се уште ја чека.