Jaнко Пенафорт е професионален музичар од Колумбија, кој ја обожува македонската музика и со својот бенд има снимено голем број изведби на улиците низ Богота.

Тој има „Фејсбук“ страница насловена „Колумбиец пее на македонски“ на која што ги споделува видеата од македонските песни, а интересно е и што поттикнат од љубовта кон македонскиот фолклор го научил и македонскиот јазик.

Во настапот во срцето на Богота на „Битола мој роден крај“, тој вели:

„Јас не сум роден во Битола, не сум роден во Макеоднија. Ние сме во родени тука, во Богота и Венецуела, но јас многу го сакам вашиот прекрасен убав град Битола и оваа песна е за вас“.

На уште едно од видеата со бендот ја изведуваат „Македонско девојче“.

„Како музичар од Колумбија, мислев дека сум слушнал сè. Ритми, мелодии, приказни што ги раскажува музиката… но потоа ја открив македонската музика. И да ви кажам, тоа е нешто што никогаш досега не сум го слушнал“, вели Пенафорт.

Колумбиецот неодамна ја посетил Македонија.