Париз Сен Жермен го победи Нант со 4:2 на „Паркот на принцовите“, а Килијан Мбапе кој го постигна последниот погодок на овој меч, стана најдобар стрелец во историјата на клубот. На 24-годишна возраст тој има 201 гол зад своето име во дресот на ПСЖ.
Лео Меси го отвори резултатот во 12. минута, а Хаџам пет минути подоцна си постигна автогол за 2:0. Но, Нант успеа да израмни до полувремето со головите на Блас и на Ганаго.
Данило Переира во вториот дел повторно обезбеди предност за ПСЖ во 60. минута, а Мбапе го потврди триумфот во судиското продолжение.