Една фотографка реализираше необичен и интересен проект чија главна тема е мајчинството…
Литванската уметница Ваида Маркевичиуте Размиславиќ е авторка на проектот „Becoming a Mother“, во рамките на кој фотографираше 33 жени пред породувањето и по него, а особено се насочила на очите.
„За оваа идеја избрав многу едноставен формат, како да фотографирам за пасош“, објасни таа и додаде дека сакала да го истакне погледот на своите модели и да ја намали можноста нешто друго да им го одвлече вниманието на гледачите.
„Пред моето прво дете, мојата претстава за мајчинството беше поинаква“, вели фотографката и признава дека не го почувствувала мајчинскиот инстинкт од прва и дека малку по малку учела за тоа како да биде мајка, па ја јакнела и својата интуиција.
Мајките по породување претрпуваат голем број на промени, кои можеби не ги забележуваат на себе си, но по документирањето на овие 33 жени, тоа веќе може да се смета и за докажан факт.