Најголемото изненадување во 16. коло во Серија А го приреди Сампдорија која со 2:1 го совлада Интер. Натпреварот започна со промашениот пенал за „нероаѕурите“, Алексис Санчез во 12. минута беше непреецизен. Казната за промашениот пенал дојде во 23. минута кога Кандрева донесе водство за Сампдорија и тоа од белата точка.

Во 38. минута Кеита Балде зголеми на 2:0, а Интере единствено што успеа да направи е преку Де Вриј во 65. минута да намали на 2:1. Со поразот Интер ја прекина серијата од дури осум победи по ред во Серија А. 

Аталанта продолжува со одличните игри и со 3:0 на домашен терен ја совлада Парма. Победата ја најави Мјуриел со голот во 15. минута, на стартот од вториот дел Запата големи на 2:0, а победата ја завери Госенс. Со трите бода, Аталанта го помина Јувентус на табелата и сега е шеста со 28 бода, еден повеќе од „старата дама“ која вечерва ја очекува дербито со Милан.

Лацио со голот на Душан Влаховиќ во последните минути од средбата дојде до триумф од 2:1 над Фиорентина. Каиседо уште во шестата минута донесе водство за Лацио, а 20. минути подоцна му беше поништен гол на Имобиле поради офсајд.

Резултати:
Калјари – Беневенто 1:2
Аталанта – Парма 3:0
Болоња – Удинезе 2:2
Кротоне – Рома 1:3
Лацио – Фиорентина 2:1
Сасуоло – Џенова 2:1
Торино – Верона 1:1