„Денес иранска тинејџерка која објавуваше исклучително изменети фотографии од своето лице, а притоа и беше осудена на 10 години затвор, беше ослободена по големиот притисок од медиумите“, напиша Масих Алинеџад на Твитер – новинар и активист за човекови права.

Instagram
Instagram

Сахар Табар, чие вистинско име е Фатеме Кишванд, беше уапсена минатата година за своите активности на социјалните мрежи. Таа е обвинета за „морална корупција на младите“ и непочитување на Исламската Република, пренесува хрватски Индекс.

Странските медиуми поради фотографиите ја нарекоа „зомби Анџелина Џоли“, а некои „Иранската Анџелина Џоли“, а во еден момент на Инстаграм ја следеа скоро половина милион луѓе.

Instagram
Instagram

– Секоја нова фотографија ја уредувам сè повеќе и повеќе за да биде што е можно посмешно. Тоа е форма на изразување, уметничка форма. Моите обожаватели знаат дека тоа не е моето вистинско лице, рече тинејџерката во 2017 година.

Instagram
Instagram

Иранската државна телевизија го пренесе нејзиното покајание на крајот на октомври минатата година, а снимката предизвика голема симпатија во јавноста. Нејзините адвокати до судот доставија и медицински наоди, кои покажуваат дека Сахар исто така страдала од ментално заболување, како и дека во последните десет години посетувала психијатриски институции.