Ако сте ги пропуштиле часовите по физика поради тренинг, тогаш сигурно не знаете дека комбинацијата од брзина на воздухот, движење на топката и ротација може да гарантира победа…

Advertisements

Иако веројатноста да не знаете што е корнер е мала, за секој случај ќе го повториме правилото – корнер е кога топката со која последен пат играла противничката екипа ќе ја помине линијата на теренот, зад нивниот гол. Топката се враќа во теренот со удар од корнер. Се чини дека е невозможно да се постигне гол од оваа позиција, нели? Сепак, неколку играчи успеаја во тоа. Меѓу нив е и нашиот поранашен репрезентативец, Артим Шаќири, кој голот од корнер го постигна против репрезентацијата на Англија и голманот Симан во 2002 година.

За тоа, а покрај одличните фудбалски вештини, многу фудбалери треба да му се заблагодарат на таканаречениот Магнусов ефект. Тоа се случува кога едно телото додека се движи ротира во одредена насока. Врз него дејствува сила што е нормална на оската на ротација на телото и настанува како резултат на разликата во притисокот на горната и долната страна на телото.

Најдобар пример што може да го илустрира ова е фрлање топка од голема висина со ротација. Поради наизменичниот висок и низок притисок, топката ќе лета многу подалеку од очекуваното.

Погледнете како изгледа тоа…

Прикажи повеќе