Историскиот хотел „Веранда хаус“ на островот Нантакет во Масачусетс (САД), стар повеќе од три века, бил оштетен во саботата, откако огромен пожар ја зафати зградата.

Пожарникарите пришле напомош, влегувајќи во зградата без заштитна опрема, при што две лица се пронајдени и безбедно изведени надвор… Сите гости на хотелот се навреме евакуирани, соопштија властите.

Инаку, зданието е старо барем 338 години.

Противпожарната служба потврди дека во пожарот нема повредени луѓе. Пожарот бил изгасeн околу 14 часа откако почнал да се шири.