Голем пожар делумно го уништи понте ди феро, железен мост што ги поврзува двете римски населби Остинезе и Трастевере.

Advertisements

Пожарот избувнал синоќа нешто пред полноќ, а пожарникарите успеале да го локализираат околу еден часот утрово, јавува агенцијата Анса.

Зоната на железниот мост е центарот на ноќните собири во Рим.

Според првите информации, нема човечки жртви, а некои очевидци тврдат дека пожарот избувнал во бараките на бездомниците под мостот, по што е создадено „стампедо“ на луѓе кои биле во околните ресторани и барови.

Прикажи повеќе