„Зараза“(Contagion), филмот кој говори за ширењето на мистериозен вирус од Кина, а за кој многумина мислат дека ја предвидел пандемијата на коронавирусот, наскоро би требало да добие свое продолжение.
Филмот го прикажа речиси целиот тек на пандемијата онака како што и ние го доживеавме – вирус кој потекнува од лилјак, турканици низ продавниците, полициски час, користење на маски, привремени болници, како и производство и примање на вакцини. За овој филм особено многу се зборуваше во текот на оваа година. Морничавата приказна преплаши илјадници луѓе, но токму поради тоа, неговата популарност само растеше, иако тој излезе уште во 2011 година.
Главните улоги ги играа Марион Котијар, Џад Ло, Гвинет Палтроу, Кејт Винслет, Лоренд Фишбурн и Мет Дејмон.
Сега режисерот Стивен Содерберг најави дека подготвува „филозофско продолжение“ на филмот „Contagion“. Негов парнер во новиот потфат ќе биде Скот Брнс, сценаристот од филмот кој е популарен од 2011 година.
Тој нагласи дека тоа нема да биде директно продолжение на претходниот филм, туку дека тие ќе делат „слични идеи и тема“. Експертите се прашуваат дали ова е мудра идеја и зарем не ни е доста од програмите кои говорат за коронавирусот.