Акциониот филм „Wonder Woman 1984“ во текот на божиќниот викенд ширум светот заработи околу 36,1 милион долари, објави во неделата дистрибутерот „Warner Bros“, кој ги потврди и плановите за третиот филм од оваа суперхеројска франшиза. Се проценува дека од 36,1 милион долари, 16,7 милиони пристигнале од киносалите во Америка и Канада, изјавија од студиото во сопственост на корпорацијата „AT&T“. Беше ова најголемата заработка за време на празниците во американските кина од првите затворања на почетокот на ширењето на ковид-19 во месец март, но постигнатите бројки се само дел од вообичаените почетни заработки при дистрибуцијата на високобуџетните филмови во нормални околности.