По трите порази и едно реми во Серија А на последните четири натпревари, играчите на тренерот Џенарот Гатузо им се вратија на победите откако денеска во 15 коло на гости го совладаа Каљари (1:4).

Ова е деветти триумф сезонава за „наполитанците“ и моментно четврта позиција со 28 бодови, осум помалку од водечкиот Интер кој денеска славеше над Каљари.

После првото полувреме Наполи водеше со голот на Зиелински по додавањето на Петања во 25 минута од средбата. Израмни Каљари со погодокот на Жоао Педро, но радоста на домаќините траеше само 120 секунди, Зиелински по вторпат стрелаше, овојпат асистент беше Ди Лоренцо.

Во 65 минута домашната екипа остана со еден играч помалку на теренот поради вториот жолт картон на грчкиот интернационалец Ликојанис. Од 77 минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој го замени Зиелински, а конечниот епилог го постави Инсиње од пенал.

Во наредното коло Елмас и соиграчите на домашен терен ќе ја пречекаат екипата на Специја. Се одиграа уште шест натпревари: Рома-Сампдорија1:0, Аталанта-Сасуоло 5:1, Парма-Торино 0:3, Специјач-Верона 0:1, додека Џенова без нашиот Горан Пандев во составот ремизираше со Лацио (1:1).

ВИДЕО: Неверојатна глупост на соиграч на Елмас, се расфрлаше со пари на роденденска забава па дозна дека е позитивен на корона