Британската поп – ѕвезда, Дуа Липа, со косовско потекло, објави нов спот за песната „Love Again“, уште еден во низата синглови од неговиот хит – албум „Future nostalgia“.
Спотот ја имаше својата премиера вчера, а за помалку од 24 часа има повеќе од пет милиони прегледи.
На видеото Дуа Липа е облечена како каубојка, а во неколку сцени танцува сама или со неколку танчери во просторија која наликува на театар.
Фановите на пејачката се воодушевени од изгледот на пејачката, а вториот студиски албум на Липа го нарекуваат поп совршенство и го споредуваат со албумот на Мадона од 2005 година – „ Confessions on a dance floor“.