Кабинетот на израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, објави дека сè уште има клаузули во договорот за прекин на огнот за заложниците кои допрва треба да се финализираат, објави „Тајмс оф Израел“.

Израел се надева дека „деталите ќе бидат финализирани вечерва“, велат од кабинетот на Нетанјаху.

Откако на помеѓу медиуми, меѓу кои „Си-ен-ен“, „Ројтерс“, „Тајмс од Израел“, попладнево одекна веста дека е постигант договор помеѓу Израел и Хамас почна славје на улиците во Тел Авив и Газа.

Веста за примирјето кусо по објавата ја потврди и новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Радост во Газа по веста за постигнатиот договор за прекин на огнот