На социјалните мрежи се појави видео од корејски музички натпревар на кое четири млади вокали ја изведуваат евровизиската „Молитва“ од тогашната српска претставничка Марија Шерифовиќ.

Шерифовиќ, со оваа песна и донесе победа на Србија на Евровизија во 2007 година.

Бројни балкански ѕвезди активно ја споделуваа изведбата на корејската група, а една од нив секако беше Марија Шерифовиќ која ги сподели на својот инстаграм – профил, воодушевена од изведбата.

„Ви посакувам се најдобро во понатамошната кариера и натпреварување. Се гледаме наскоро“, напиша пејачката.

Во објавата Шерифовиќ напомена дека ова е најдобрата изведба на нејзината песна со прекрасна порака упатена кон талентираните корејски натпреварувачи.

Бројни балкански ѕвезди активно ја споделуваат изведбата на талентираните млади вокали.