Се одиграа двата натпревари од 14 коло во Бундеслигата, денеска Баерн Минхен го совлада Мајнц (5:2), а во дербито на рундата Борусија Дортмунд со 2:0 триумфираше над Волфсбург.

Баерн иако после првото полувреме имаше негатива, на крајот успеа да ги совлада трите бода и покаже уште еднаш зошто е бранител на титулата.

Мајнц водеше со головите на Буркарт и Хак, а на спротивната страна два погодоци запиша најдобриот играч на светот според ФИФА, Левандовски, а по еден Кимих, Сане и Зуле.

Во Дортмунд мируваа мрежите по првите 45 минути, но затоа во вториот дел Борусија со головите на Аканџи и Санчо забележа важна победа во шампионатот.

На табелата баварскиот гигант е на првото место со 33 бодови, два повеќе од второпласираниот Лајпциг, трет е Баер Леверкузен (28), а на четвртата позиција се „милионерите“ (25).