Актерката Натали Дормер, најпозната по улогата на Марџори Тајрел во серијата „Game of Thrones“, откри дека го родила првото дете, кое го доби со партнерот Дејвид Оукс.
Парот ќеркичката ја добил во јануари, но веста дури досега ја криеја од јавноста.
„Милам дека моето дете веројатно за 30 години, кога ќе седи во некој бар, ќе каже: Да, јас сум ковид-бебе“, изјави 39-годишната актерка гостувајќи во подкастот „That’s After Life“.
Таа додаде дека ужива во улогата на мајка во последните три месеци.
„Никогаш повеќе нема да се жалам за недостатокот на сон на снимањата“, се пошегува Дормер и додаде дека недостатокот на сон е единствената мана која ја почувствувала како мајка.
„Луѓето зборуваат дека мајчинството во целост го менува животот и навистина е така. Не знам како сето тоа ќе влијае на глумата, сега е најважно да му се посветам на детето“, заклучи актерката.
Натали и Дејвид се во врска од 2019 година.