Велика Британија се очекува да објави дека ќе испрати нов голема пратка артилериска помош за Украина додека британскиот премиер Риши Сунак се подготвува да се сретне со своите нордиски, балтички и холандски колеги. Состанокот е закажан за денеска во главниот град на Летонија, Рига.

Според соопштението објавено од кабинетот на премиерот, цитирано од агенцијата Франс прес, Сунак треба да објави дека Британија планира да испорача „стотици илјади парчиња артилериска муниција следната година, согласно договорот од 250 милиони фунти (304 милиони американски долари) што ќе обезбеди постојан проток на критична артилериска муниција за Украина во текот на 2023 година“, пренесува Гардијан.

Advertisements

Премиерот денеска патува за Летонија на лидерскиот собир на земјите од Здружените експедициски сили, во кои спаѓаат Данска, Финска, Естонија, Исланд, Летонија, Литванија и Холандија, а на кој ќе се обрати претседателот на Украина, Володомир Зеленски.

„Од Арктичкиот круг до островот Вајт, Велика Британија и нашите европски сојузници беа во чекор со нашиот одговор на инвазијата на Украина и ние остануваме цврсти во нашата амбиција за мир во Европа уште еднаш“, рече Сунак пред состанокот.

Но, за да постигнеме мир, додава Сунак, мораме да ја одвратиме агресијата.

„Нашите заеднички распоредувања низ регионот се од витално значење за да се осигураме дека сме способни да одговориме на најголемите закани. Знам дека овој самит на Здружените експедициски сили само ќе ги нагласи нашите блиски пријателства и непоколебливата поддршка за Украина“, вели британскиот премиер.