Денеска во СВР Велес било пријавено дека околу 00.06 часот на автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Сопот, патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот А.Д. од Велес, удрило во столб од наплатната станица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Л.М.(41) од Велес, сопатник во возилото, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Велес.
По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Текстот Велешанец со „опел“ удрил во столб од наплатна станица, двајца повредени е превземен од МАКФАКС.