Иако за македонските фанови најважниот ден на ЕП 2020 беше 13-ти јуни против Австрија, поради дебито на Македонија, за неутралните фанови на фудбалот вечерва е финале пред финале. На програмата се мечевите од т.н група на „смртта“. Во неа се наоѓаат Португалија, Франција, Германија и Унгарија. Во терминот од 18:00 часот играат Унгарија и Португалија, додека од 21:00 часот се среќаваат двете репрезентации кои се најголеми фаворити, Франција против Германија. За многумина вака би требало да изгледа финалето, но сепак судбината сакаше овие две селекции да се најдат во иста група. Секако тука е уште и Португалија, предводена од Кристијано Роналдо, а Унгарија е селекција која во еден ваков состав нема речиси никакви шанси.