На вдовицата на Коби Брајант судот ѝ досуди отштета од 16 милиони долари поради објавените фотографии од хеликоптерската несреќа во 2020 година во која загинаа американската кошаркарска ѕвезда и неговата ќерка Џијана.

Ванеса Брајант (40) изјави дека имала панични напади откако дознала дека се споделуваат фотографии направени од замениците на шерифот на округот Лос Анџелес и пожарникарите.

Федералниот суд пресуди дека округот Лос Анџелес мора да плати за емоционалната болка што ја претрпе вдовицата на Брајант како резултат на тоа.

Исто така, судот одлучи на Кристофер Честер, кој во истата несреќа ги загуби сопругата Сара и ќерката Пејтон, да му исплатат 15 милиони долари.

„Овој случај отсекогаш бил за одговорност. А сега поротата е едногласна“, изјави нејзиниот адвокат Луис Ли.

Прикажи повеќе