Ракометарите на Вардар 1961 своите преостанати девет натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите ќе ги одиграaт во февруари и март.
Во договор со клубовите и Европската ракометна федерација потврдени се осум термини, а единствениот меч за кој и натаму нема датум е оној со ПСЖ во Скопје. За тој клубовите дополнително треба да се договорат.
Во првиот дел од сезоната „црвено-црните“ одиграа само половина од предвидените дуели во ЛШ, односно наместо 10, одиграа пет средби.
Сега останува да ги одиграат сите предвидени дуели. Според договорот меѓу клубовите македонскиот претставник ќе продолжи со настапите на 4 февруари со гостување кај Порто (на нашиот репрезентативец Никола Митревски) во Португалија.
Според пропозициите првите две екипи ќе се пласираат директно во четвртфинале, а екипите пласирани од трето до шесто место ќе разигруваат во осминафинале со ривалите од другата група. Победниците од тие осминафинални средби потоа одат во четвртфиналето каде ги чекаат првите две од групите, од каде ќе бидат познати тимовите за Ф4 турнирот.
Термини во групната фаза од ЛШ –
4 февруари – 20,45 ч.
Порто – Вардар 1961
9 февруари – 18,45 ч.
ПСЖ – Вардар 1961
11 февруари – 18,45 ч.
Флензбург – Вардар 1961
14 февруари – 18 ч.
Вардар 1961 – ПИК Сегед
18 февруари – 18,45
ПИК Сегед – Вардар 1961
21 февруари – 16 ч.
Вардар 1961 – Елверум
25 февруари – 18,45 ч.
Елверум – Вардар 1961
4 март – 18,45 ч.
Вардар 1961 – Мешков
Табела, група „А“ –
1.Кјелце 13 бодови (од 8 натпревари)
2.Флензбург 13 бодови (8)
3.Мешков Брест 9 бодови (9)
4.ПСЖ 6 бодови (6)
5.Порто 6 бодови (8)
6.Пик Сегед 4 бодови (6)
7.Елверум 4 бодови (8)
8.Вардар 1961 3 бодови (5)