Бувот Флако целиот живот го поминала во заробеништво.
13 години живеела во Зоолошката градина во Централ Парк, а откако непознат вандал и го уништил домот – конечно е слободна. Работниците во зоолошката градина не можеле да ја фатат, па станала икона на Њујорк.
„Пред неколку дена го набљудувавме Флак како успешно лови, фаќа и јаде плен. Бевме убедени во брзиот напредок во неговите летачки вештини и способноста самоуверено да маневрира околу паркот“, се вели во соопштението на Зоолошката градина во Централ Парк.
Бидејќи Флако е долго време во заробеништво, тешко лета. Припаѓа на бувот штала, еден од најголемите видови, со распон на крилјата од речиси два метри. Според Њујорк Тајмс, од неговото бегство, неговите инстинкти за преживување се развиле доволно што Здружението за заштита на дивиот свет, кое раководи со зоолошката градина, изјавило дека ќе ги намали напорите да го фати и да го врати во заробеништво, пишува Грин.