Досега вакцинирани се 18.261 лице, а освен возрасни граѓани, здравствени работници, вакцинирани се најкритичните групи на припадници на МВР, АРМ, наставнички од 1 до 3 одделение, воспитувачки и негувателки во градники, возачи на ЈСП, следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници, соопшти министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук.
Вакцинацијата на сите пунктови во државата и А1 СЦ Борис Трајковски се одвива одлично. Денеска на состанокот, членовите на Националното координативно тело за имунизација против Ковид 19, ме информираа за процесот на вакцинација на територија на цела држава. Во вакциналните пунктови во здравствените установи тече вакцинацијата на возрасни граѓани, над 76 години, а во А1 СЦ Борис Трајковски тече вакицнацијата на здравствени работници и припадници на критична инфраструктура. Досега вакцинирани се 18.261 граѓанин. Освен возрасни граѓани, здравствени работници, вакцинирани се најкритичните групи на припадници на МВР, АРМ, наставнички од 1 до 3 одделение, воспитувачки и негувателки во градники, возачи на ЈСП, следната недела ќе се вакцинираат вработени во обвинителството, судовите, инспекциските служби, новинарите и медиумските работници. Епидемиолошката состојба во земјава укажува на широка распространетост на вирусот, што е земено предвид при приоритизација на групите за вакцинација. Таргетирани се приоритетни групи со цел да се обезбеди функционирање на здравствениот систем, да се заштитат лицата со најголем ризик од заболување, компликации и смрт и да се одржат основните услуги на критичната инфраструктура, пишува Филипче.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.