ИМА луѓе кои не сакаат да бидат сами. Тие се страствени, романтични и не можат да живеат без љубов. Кога ќе запознаат некој што им се допаѓа, веројатно ќе посакаат веднаш да започнат романтична врска со него. Откријте кои ликови најчесто скокаат од врска до врска.

Овен

Ако некој е импулсивен во врските, тоа е Овен. Овие луѓе сакаат предизвици и акција, па обично секогаш го прават првиот чекор кон оној што им се допаѓа и јасно им даваат до знаење дека сакаат нешто повеќе. Бидејќи е страстен и интензивен, Овенот ќе даде се од себе од самиот почеток, што за некои може да биде застрашувачко.

Лав

Лавовите сакаат да бидат заљубени. Сакаат да бидат обожувани, па затоа треба секогаш до себе да имаат некој кој ќе им покаже љубов и восхит. Кога некој им се допаѓа, не сакаат долго да чекаат. Тие веднаш тргнуваат во акција и го освојуваат со грандиозни и романтични гестови кои тешко се воздржуваат.

Вага

Вагите навистина сакаат да бидат во врска бидејќи можат да се чувствуваат изгубено ако се сами. Најсреќни се кога имаат со кого да го споделат животот. Поради оваа причина, тие често се фокусирани на пронаоѓање партнер, па скокаат од врска во врска. Тие често се поврзуваат со некој кој не им одговара само затоа што не сакаат да бидат сами.

Риба

Рибите го гледаат светот низ очила во розови бои и се убедени дека секој што ќе го сретнат е нивна сродна душа. Кога станува збор за љубовта, тие често ги ставаат другите на пиедестал, но тоа не е фер кон партнерот кој не може да ги исполни нивните нереални барања и соништа. Тие треба да ги намалат своите очекувања, барем на почетокот на врската.