Нека ви биде забавно ова попладне, засукајте ги ракавите и направете ги овие слатки кифлички кои ќе ви ги вратат спомените од детството, уживајте…
СОСТОЈКИ:
– 600 г брашно
– 30 г свеж квасец
– 2 јајца
– 90 г шеќер
– 75 г путер
– прстофат сол
– 4 лажици афиново семе
– слатко по избор за полнење
– шеќер во прав
ПОДГОТОВКА:
Загрејте го млекото и во него растворете го квасецот со 1 лажица шеќер. Оставете да стаса 10-15 минути. Брашното ставете го во сад, направете дупка во средина и во неа ставете го омекнатиот путер и јајцата со шеќерот и прстофат сол, афиновото семе и квасецот. Замесете тесто да не се лепи, но не претерувајте, требад а биде средно меко. Нека отстои 15-20 минути на работна површина. Расукајте кифлички и ставајте во нив фил од слатко по избор. Завиткајте ги кифличките, наредете ги во плех обложен со хартија за печење, нека стасуваат еден час на топло. Печете ги 25-30 минути во рерна загреана на 180 степени. Изладените кифлички изладете ги и посипете ги со шеќер во прав.