Екипата на ФК Шкупи утре ќе го одигра реваншот од второто коло во Лигата на шампионите, каде го пречека Динамо Загреб. Ремито 2-2 од Загреб го зголеми оптимизмот на македонскиот шампион за позитивен резултат во реваншот против хрватскиот првак.

Advertisements

Единствениот проблем на тренерот Седлоски ќе биде отсуството на Данфа, кој пред неколку дена се пожали на повреда и последните вести велат дека ќе го пропушти реваншот. Дефанзивецот Бертон Шеји рече дела цени хрватскиот тим од Загреб, но се надева дека може да се случи чудо.

„Динамо е фаворит, но ние сме многу мотивирани. Ќе дадеме се од себе и верувам во постигнување добар резултат. Работевме на тренинзите и цело време го анализиравме противникот. Верувам во чудо, зошто да не?….Очекуваме добар натпревар, и со поддршка од навивачите веруваме во добар резултат“, рече Шеји.

Хрватскиот тим на Динамо Загреб ќе одржи само еден тренинг, на стадионот „Тодор Проески“, каде во вторник од 21.00 часот по вторпат ќе се сретне со македонскиот шампион.

Махир Тачи

Прикажи повеќе