Утре на пладне музичарите излегуваат на протест пред Владата. Поголемиот дел од естрадните уметници не се согласуваат со одлуката жива музика да смее да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали. Освен тоа, Владата бара музичарот да смее да свири или да пее само ако е член на некое од здруженијата на уметници во земјава. Инаку, во однос на протоколите за работа на свадбите, музичарите сметаат дека се добри, но колку ќе се почитуваат, ќе се види на самата прослава. Никој не може, велат, да предвиди што може да направи човек со некоја чашка алкохол повеќе во себе.
„Лиценци сè уште нема за музичари, туку има регистрирање во здруженијата кои се постоечки за таа дејност. Односно има членски книшки од здруженија за уметници за да може да настапуваат на свадби. И тоа треба да го побараат тие што ги организираат свадбите, а не газдите на локалите“, рече Горјан Стојановски, музичар.