Откако го прележа коронавирусот, пејачката Пинк доживеа уште една непријатност.

Го повредила скочниот зглоб, па видно депримирана, се огласи од медицинската установа каде што ѝ се укажувала помош.

„Како тоа што прележав ковид да не ми беше доволен! Го исеков прстот додека отворав вино, ми ги извадија конците, и тоа помина добро. После се опоравив од првата инфекција. (Десното колено беше осамено) Па, еве, сега го скршив и зглобот. Мислам дека подоцна ќе изедам сирово пилешко да видам каква е салмонелата! Оваа 2020-та година продолжува да ми дава подароци… Всушност паднав трчајќи по скалите зашто сакав да ја видам Божиќната ѕвезда. Се испостави дека е дури на 21 декември. Среќни празници на сите!“ напиша Пинк на Инстаграм.

Instagram