Унгарија ќе стави вето на какви било санкции на Европската Унија против Русија кои се однесуваат на нуклеарната енергија, изјавил денеска за унгарското државно радио премиерот Виктор Орбан, пренесува Ројтерс.
Имено, Украина ги повика 27. земји-членки на ЕУ да ја вклучи руската државна компанија за нуклеарна енергија „Росатом“ во санкциите на Брисел кон Москва, но Унгарија, која има руска нуклеарна централа што планира да ја прошири со Росатом, се противи на вкавите барања.
Орбан во интевјуто повторил дека на санкциите за нуклеарната енергија „очигледно мора да се стави вето“.
„Нема да дозволиме да се спроведе планот за вклучување на нуклеарната енергија во санкциите. Тоа не доаѓа предвид“, рекол унгарскиот премиер.