Една мајка сакала да дознае како ќе реагира нејзиното семејство кога таа одеднаш ќе престане да ги извршува сите работи низ домот. Резултатите воопшто не ја воодушевиле…

Жената решила да документира сѐ и да го објавува на својот твитер-профил под псевдонимот „@MissPotkin“.

„Пред два дена решив да престанам да ги мијам садовите. Доста ми е од чистење. Оттогаш, овој куп се појави и за некое време ќе останат без чисти лажици, чаши и чинии“, напиша мајката на својот твитер-профил.

Кој ќе се откаже прв? Јас не“, додаде таа.

На третиот ден од штрајкот, открила дека член на семејството го употребил последниот чист сад и лажица и дека никој не кажал ниту збор, ниту пак некој се обидел да ја допре машината за миење садови.

Twitter
Twitter

Сепак, малку подоцна истиот ден некој ја испразнил корпата за отпадоци и така оваа мајка ја остварила својата прва победа!

За жал, напредокот траел кратко, бидејќи нејзиниот партнер подоцна си направил чај користејќи „бебешка лажица“.

twitter
Twitter

Оваа мајка почна да ги информира своите следбеници за секој детаљ, а нејзините објави станаа вирален хит.

Престанала да ги пере и алиштата, па сподели фотографија од купиштата неиспрани алишта што почнале да се појавуваат низ домот.

Почна да изгледа како да сме преживеале апокалипса. Последната ролна тоалетна хартија беше искористена синоќа во 19:04 часот. Сè уште не е заменета. Тој тоалет сега не е во функција за сите кои ќе се сетат дека нема хартија“, напиша таа во една објава.

Иако помислила дека надежта е изгубена и дека ќе мора да се откаже од штрајкот, тогаш се случило чудо! Нејзиниот партнер, по четири дена, сфатил колку е тешко да се мијат садови секој ден и почнал да ги става во машината за перење и да ја чисти кујната.

Некој конечно почна да ги става садовите во машината за миење садови. И тоа почна да се случува“, додаде задоволно на кратјо, пишува „Uniland“.