Eкипата на Барселона ќе остане без услугите на бразилскиот талент за средниот ред, Андреј Сантос. Според „The Northern Echo“, Њукасл е во преговори за потпишување на „следната ѕвезда“ на бразилската репрезентација и ќе се обиде да го склучи договорот во текот на следната недела.

Advertisements

Андреј Сантос беше на радарот на блауграна со месеци. Неговата позиција на „стопер“ пред одбраната го прави 18-годишникот исклучително „привлечен“ за многу клубови во Европа, но поради тешката ситуација низ која поминува Барса, Њукасл ја искористи можноста да го „лови“ талентираниот футбалер.

Играчот од средниот ред  потпиша за Васко де Гама до 2027 година и имаше клаузула од 40 милиони евра. Клубот беше подготвен да ја намали цената доколку играчот остане на позајмица шест месеци во Бразил до јуни, нешто што Њукасл го прифати. Англискиот клуб во тимот го има и Бразилецот Бруно Гимараеш, кој ги има истите агенти како Андреј Сантос, што во голема мера ги олесни разговорите.

Прикажи повеќе