Европската Фудбалска Федерација направи голема забуна во цела светска спортска јавност со потегот кој го повлече вчеравечер, бидејќи прво го објави комплетниот распоред за квалификациите за Европското првенство, а потоа го повлече истиот со образложение дека има технички грешки.

Распоредот за „рисовите“ на Благоја Милевски останува непроменет и терминот за одигрување на сите осум натпревари останува ист, што значи дека почнуваме со Малта, а завршуваме со Англија.

Селекторот Милевски по извлечената ждрепка нагласи дека Македонија не можела да добие потешка група од онаа која ја доби, бидејќи покрај актуелниот вицешампион Англија, во групата е и освојувачот на последниот континентален турнир, селекцијата на Италија.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА:

23. март 2023 Македонија – Малта

16. јуни 2023 Македонија – Украина

19. јуни 2023 Англија – Македонија

09. септември 2023 Македонија – Италија

12. септември 2023 Малта – Македонија

14. октомври 2023 Украина – Македонија

17. ноември 2023 Италија – Македонија

20. ноември 2023 Македонија – Англија

Извор: Дерби