Македонија има одлична шанса за пласман на ЕУРО 2024 преку Лигата на нации на УЕФА.

По ждрепката во Нион, по која македонската репрезентација се најде во групата 4 од Ц сегментот со репрезентациите на Бугарија, Грузија и Гибралтар, познат е и распоредот на натпревари.

Нашиот најдобар национален тим натпреварувањето го отвора со гостинска пресметка против Бугарија на 2. јуни 2022 година. Првиот домашен натпревар ќе го одиграме против Грузија на 9. јуни 2022.

2. јуни 2022. Бугарија – Македонија (20:45)

5. јуни 2022. Гибралтар – Македонија (18:00)

9. јуни 2022. Македонија – Грузија (20:45)

12. јуни 2022. Македонија – Гибралтар (18:00)

23. септември 2022. Грузија – Македонија (18:00)

26. септември 2022. Македонија – Бугарија (20:45)