„Враќањето на ветото за Скопје би било огромна грешка и ќе ги влоши билатералните односи“, вели бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија во Европскиот парламент, Илхан Ќучук.

„Ветото на ниту еден начин не влијаеше позитивно на добрососедските односи. Сосема спротивно. Почнаа провокации, повеќе или помалку, токму од ставањето на ветото“, изјави Ќучук за БНР. Според него, тоа што му се случи на Христијан Пендиков е за осуда и тоа го кажале и европските институции. Тој ја оценува тензијата меѓу двете земји како висока која се шири во многу правци и смета дека билатерално ќе има многу бурна непродуктивна година. Ќучук го нагласи и механизмот за следење и „мерење“ на говорот на омраза, посочувајќи дека министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, формира „голем тим, во кој ќе има и претставници на бугарската заедница“.

Прикажи повеќе