Овие хороскопски знаци ги очекуваат неверојатни љубовни авантури во текот на есента. И покрај ретроградните Меркур и Марс и другите аспекти на планетите кои не се најповолни, овие знаци ќе го најдат своето место под небото на љубовта и ќе почувствуваат неверојатна среќа.

Рак

Раковите кои сонуваат да основаат семејство треба што почесто да ги посетуваат социјалните настани – изложби, концерти, театри… Таму меѓу многу непознати луѓе ќе запознаат личност со која им е судено да доживеат неверојатна среќа и стабилна и долга врска.

Водолија

Водолиите ќе бидат во својот врв оваа есен, ќе ги шармираат сите што ќе ги сретнат, едноставно ќе биде невозможно да им се одолее. Ова важи и за двата пола. Ѕвездите велат дека судбоносните средби им се загарантирани, а можно е да се работи за личност која ја запознале некогаш, и со која некако, во текот на животот постојано им се вкрстувале патиштата.

Лав

Лавовите ќе имаат неверојатно возбудлива и убава есен. Сите ќе се „грабаат“ за нивното друштво, можат да очекуваат постојани покани за состаноци, патувања во природа, каде ќе запознаат нови луѓе кои ќе им го привлечат вниманието. Совет на ѕвездите е да не ги одбиваат овие покани – колку поактивен живот водат, толку се поголеми шансите да ја запознаат својата сродна душа.

Овен

Овенот исто така нема да може долго да биде сам. Новите познанства буквално ќе ги „засипуваат“ со покани за излегување, многу често некаде во природа, на прошетка… А при ваквите прошетки на чист воздух ќе имаат можност радикално да го променат личниот живот. Сепак, советот на ѕвездите е да не брзате! Од избрзани одлуки и обиди се да се забрза, постои ризик да се избркаат потенцијалните животни партнери, пишува Мондо.

Вага

Есента ќе биде многу весела за Вагите, исполнета со нови познанства и искуства. Не е исклучено да им се прикрадат некои стари познаници, луѓе кои долго време копнееле по нив, а кои првпат ќе ги видат во ново светло – како потенцијални партнери со кои би можеле да имаат страсна и емоционална врска. Едноставно, оваа есен нема да биде воопшто досадна за Вагите!